📸 Ајтана е модел создаден од вештачка интелигенција, месечно заработува до 10.000 евра

од Stefanija Kuzmanovska

Девојка со розова коса последниве недели привлекува внимание на социјалните мрежи.

Нејзиното име е Ајтана Лопез, а странските медиуми ја претставуваат како 25-годишна шпанска манекенка која на Инстаграм ја следат 121.000 луѓе. Но, Ајтана не е вистинска. Таа е првиот шпански модел создаден со вештачка интелигенција, а создадена е да ги замени инфлуенсерите и моделите кои рекламираат одредени производи.

Рубен Круз, основачот на агенцијата The Clueless, дошол до оваа идеја. Минатата година минувал низ тежок период бидејќи немал многу клиенти, па морал да најде решение.

„Почнавме да ја анализираме нашата работа и сфативме дека многу проекти беа ставени во мирување или откажани поради прашања надвор од наша контрола. Честопати тоа беше вина на инфлуенсерот и моделот, а не проблем во дизајнот. Затоа решивме да создадеме сопствен модел кој ќе рекламира брендови кои ги бараат нашите услуги“, навел Рубен, пренесува Yahoo.

Така настана Ајтана. Рубен вели дека заработува и до 10.000 евра месечно, но просечната месечна плата ѝ е околу 3.000 евра.

„Го направивме тоа за да не бидеме зависни од други луѓе кои само сакаат да заработат пари со позирање“, додаде тој.

Слични содржини