📸 Борел повторно повика на итна хуманитарна пауза во Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска повторно повика на „итна хуманитарна пауза“ во војната меѓу Израел и Хамас.

Во разговорот со јорданскиот крал Абдула Втори во Аман, се зборуваше за војната во Газа и „важноста да се стави крај на страдањата на цивилите“, напиша Борел на платформата Х.

Тој посочи дека треба да се обнови политичкиот процес што ќе доведе до формирање на две држави и додаде дека улогата на кралот Абдула Втори е „клучна“.

„Разговаравме за војната во Газа и важноста да се стави крај на страдањата на цивилите. Спроведувањето на резолуцијата 2712 на Советот за безбедност на ОН за вонредни хуманитарни паузи е од витално значење. Неопходно е да се обнови политичкиот процес кон двете држави. Улогата на кралот е клучна“, напиша Борел.

Слични содржини