📸 Хоакин Феникс поради негова позната улога наречен „најголем актер на сите времиња“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Хоакин Феникс има остварено бројни забележителни улоги, а секако најзначајна улога во неговата кариера е улогата на Џокер во истоимениот филм.

Филмот „Џокер“ освои бројни награди и на Феникс му донесе Оскар за најдобар главен актер.

Продолжението на ова остварување ќе биде премиерно прикажано на 4 октомври 2024 година и ќе се вика „Joker: Folie à Deux“.

Покрај него, Лејди Гага ќе имаме можност да ја видиме како Харли Квин.

На социјалните мрежи може да се најдат одредени кадри од продолжението на „Џокер“, а поради оваа улога многумина го нарекуваат Феникс „најдобриот актер на сите времиња“.

„Неговата глума е нереална, од срамежлив осаменик до психопат“, „Тој е подобар од Марк Хамил“, „Најдобар актер на сите времиња“, „Хоакин Феникс е гениј“, „Најголемиот актер што некогаш живеел“, се само дел од коментарите.

Слични содржини