📸 Лејди Гага и Бредли Купер ги подгреаа гласините дека се заедно: Застана до него на црвениот тепих

од Stefanija Kuzmanovska

Лејди Гага се појави на црвениот тепих заедно со актерот Бредли Купер, на премиерата на неговиот нов филм „Маестро“, кој ќе се прикажува и на Нетфликс.

Гага, која во последно време избегнува јавни настапи, на овој настан дојде да го поддржи својот колега и пријател Бредли Купер, воедно и режисер на филмот, со кој во 2018 година глумеше во хит филмот „A Star Is Born“.

Ова е првпат Бредли и Гага да се појават заедно на црвениот тепих по завршувањето на промоцијата на споменатиот хит филм.

Лејди Гага позираше со Купер и неговата колешка од „Маестро“ Кери Малиган пред проекцијата во Музејот на филм на Академијата во вторник во Лос Анџелес. Ќерката на Купер, Леа Де Сеин, исто така позираше со ѕвездите.

Слични содржини