📸 Повторно се собраа членовите на групата Destiny’s Child

од Stefanija Kuzmanovska

Бијонсе ја одржа премиерата на нејзиниот документарен филм Renaissance, базиран на истоимената турнеја.

Премиерата беше можност да се соберат сите членови на поранешната група Destiny’s Child, во која Бијонсе направи важни музички чекори на почетокот на кариерата. Пристигнувањето потврди дека меѓу нив нема неподмирени сметки, а познато е дека Би е особено блиска со Кели Роланд.

Четири од петте поранешни колешки на Бијонсе – членовите на триото Кели Роланд и Мишел Вилијамс, како и Летоја Лакет и Латавија Роберсон – присуствуваа на премиерата на нејзината турнеја за документарецот Renaissance. Отсутна беше само Фара Френклин, која беше во тогаш популарната група неколку месеци во 2000 година. По премиерата, сите преку Инстаграм ѝ испратија емотивни зборови на поддршка на Бијонсе.

Бијонсе блескаше во сребрен фустан, а со својот елегантен стил блеснаа и другите пејачки кои привлекоа внимание.

Слични содржини