📸 Се породи Сиара: На свет го донесе четвртото дете

од Stefanija Kuzmanovska

Поп и r’n’b пејачката Сиара стана мајка по четврти пат. Таа роди девојче, кое го доби во брак со Расел Вилсон.

Прекрасната вест американската ѕвезда ја соопшти преку социјалната мрежа Инстаграм каде ја сподели првата фотографија од наследничката.

Девојчето го добило името Амора Принцес Вилсон, а нејзините горди родители ѝ порачаа: „Многу те сакаме“.

Сиара и Расел Вилсон се во брак од 2016 година, а пејачката има еден син од претходната врска.

Слични содржини