📽 Хеликоптер се урна на обиколница во Мадрид

од Stefanija Kuzmanovska

Хеликоптер се урна во петокот наутро на обиколница во Мадрид, а три лица се полесно повредени, јавија шпанските медиуми.

Хеликоптерот паднал на патот М-40 на северот на Мадрид, недалеку од саемот ИФЕМА, каде деновиве се одржуваше европскиот саем за авијација „Европски ротор“.

На местото на несреќата се наоѓаат неколку противпожарни возила и возила на Брза помош. Еден од пилотите на хеликоптерот сам излегол од леталото, а на другиот му помогнала спасувачката служба, јави шпанската јавна телевизија ТВЕ.

Првиот е со полесни повреди на главата, а вториот со фрактура на бутната коска.

Полесно е повредено и уште едно лице, возач на автомобил кој минувал и се здобил со расекотини од фрагменти од скршено стакло.

Причината за несреќата се уште не е позната, истрагата е во тек.

Слични содржини