📽 Јакната која Мајкл Џексон ја носеше на снимањето на кое за малку ќе изгореше продадена за неверојатна сума

од Stefanija Kuzmanovska

Јакната која легендарниот Мајкл Џексон ја носел во реклама за „Пепси“ е продадена на аукција во Лондон.

Станува збор за познатата црно-бела јакна, а споменатата реклама е создадена во 1984 година.

Како што пишува Би-Би-Си, оваа облека е продадена на аукција во Лондон за дури 306.000 долари. Покрај ова, на оваа аукција наводно биле продадени уште околу 200 други предмети, меѓу кои и јакна на Џорџ Мајкл.

Инаку, споменатата реклама за „Пепси“ остана во сеќавање на многу луѓе поради инцидентот што се случи на снимањето. Имено, на снимањето на една сцена на Џексон му се запалила косата и тој се здобил со сериозни повреди.

Слични содржини