📽 Леонардо ди Каприо објави видео од Хрватска и откри проблем со кој се справува земјата

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо на социјалните мрежи сподели видео за Хрватска и зборуваше за проблем со кој се справува земјата.

Познато е дека актерот се залага за зачувување на природата, а во видеото зборувал и за загрозените школки кои биле пронајдени во Јадранското Море.

„Научниците открија млада група загрозени џиновски школки во близина на брегот на Хрватска во Јадранското Море. Популацијата на благородната школка, која може да порасне и до 120 сантиметри, се намалува откако смртоносен патоген го погоди видот во 2016 година. Истражувачите се надеваат дека ќе ги вратат школките кои играат важна улога во одржувањето на здрави подводни екосистеми“, се вели во објавата на Washington Post climate coverage споделена од Ди Каприо.

Видеото брзо собра речиси 60.000 лајкови, а обожавателите од Хрватска воодушевено му одговорија на Ди Каприо во коментарите.

„Нашата прекрасна Хрватска. Ова е навистина убаво, поздрав од Хрватска“, гласеше еден од коментарите.

Слични содржини