📽 Нетфликс објави трејлер за вториот дел од последната сезона на The Crown

од Stefanija Kuzmanovska

Вториот дел од шестата, а воедно и последна сезона на хит серијата The Crown ќе биде достапен на Нетфликс од 14 декември.

Во првиот дел од шестата сезона, акцентот беше ставен на принцезата Дајана, нејзината смрт и она што се случи по нејзината трагична смрт, додека вториот дел ќе се фокусира на кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс и неговите и синовите на Дајана, Вилијам и Хари.

Креаторот на серијата Питер Морган изјави дека серијата ќе го следи животот на британското кралско семејство до 2005 година, но бидејќи во меѓувреме починала кралицата Елизабета Втора, тој морал „малку да го промени сценариото“.

На самиот крај гледачите ќе имаат можност да ја видат свадбата на принцот Чарлс и Камила, почетокот на врската на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, како и златниот јубилеј на кралицата Елизабета.

Официјалниот трејлер е објавен на Нетфликс, а фановите со нетрпение го очекуваат почетокот на вториот дел од шестата сезона на серијата.

Слични содржини