📽 Сценарија за две епизоди на „Пријатели“ продадени за неверојатна сума: Пронајдени во ѓубре пред 25 години

од Stefanija Kuzmanovska

Две сценарија за култната серија „Пријатели“, пронајдени во ѓубре пред 25 години, се продадени на аукција во Обединетото Кралство.

Како што соопшти аукциската куќа Hanson Ross, сценаријата се продадени за 22.000 фунти, што е околу 25.500 евра.

Во прашање се две поврзани епизоди со наслов The One with Ross’s Wedding, а како што пишува Би-Би-Си, првичната проценка била дека сценаријата ќе се продаваат за 600 и 800 фунти. Оваа сума била прилично надмината, а пристигнале вкупно 219 понуди од различни делови на светот.

Купувачот е, како што се наведува, понудувач кој учествувал преку Интернет. Од аукциската куќа изјавија дека се „изненадени од таквиот глобален интерес за сценарија кои биле планирани да бидат уништени уште во 1998 година“.

Сценаријата тогаш случајно го пронашла поранешна вработена во лондонското Fountain Studios и ги чувала до сега.

Слични содржини