📽 Се допираа по интимните делови во долна облека: Мадона шокираше на настап

од Stefanija Kuzmanovska

Откако во јуни беше хоспитализирана поради сериозна бактериска инфекција која можеше да има фатални последици, Мадона оваа есен ја продолжи турнејата „The Celebration Tour“, а на Интернет деновиве се појави снимка од нејзиниот настап во Германија и провокативниот танц со една од танчерките.

Имено, со песната „Papa Don’t Preach“, Мадона и нејзината танчерка се прегрнаа на кревет во долна облека и ги допираа нивните интимни делови, а видеото брзо предизвика лавина негативни коментари.

„Воопшто не ми се допаѓа ова. Тоа е како да ја гледам баба ми како го прави тоа“, „Дали вака мора да привлекува внимание на себе?“, „Има 65 години и ова е толку непријатно да се гледа“, напишале фановите под видеото.

Сепак, имаше и такви кои застанаа во одбрана на поп-пејачката.

„Имам 50 години и не се сеќавам што направив вчера, таа изгледа одлично“, „Луѓето треба да сфатат дека ова е уметнички настап“, напишале други.

Слични содржини