📽„Имај милост“: Ново видео од Килијан Марфи ги воодушеви припадничките на понежниот пол

од Stefanija Kuzmanovska

Ирскиот актер Килијан Марфи позираше за магазинот GQ, а видеото и фотографиите воодушевија многу дами кои денес го сметаат актерот за секс симбол.

Марфи, кој претходната година ја заврши како еден од најпопуларните актери во Холивуд со улогата во хит филмот „Опенхајмер“, сега покажа зошто му е доделена оваа титула.

Актерот, по потекло од Корк, не може да се пофали со висина, но е неодолив за жените ширум светот.

Високите и нагласени јаболчници, крупните сини очи кои го прават препознатлив, како и широката вилица го прават Килијан едно од најинтересните лица во филмската индустрија на денешницата.

Тоа го покажа со новата серија фотографии и видеа кои ги објави магазинот GQ.

„Го изгледав видеото сто пати“, „Колку сексипил во едно видео“, „Имај милост“, се дел од коментарите.

Многумина му предвидуваат на Марфи дека ќе добие Оскар за улогата во „Опенхајмер“, но надвор од екранот неговиот живот е прилично тивок. Тој е 20 години во брак со Ивон Мекгинис, со која има две деца. Тие живеат во Даблин.

Слични содржини