10 години од смртта на српската пејачка: Момчето ѝ пукал во глава па сам си пресудил

Наскоро ќе се навршат десет години од стравичната смрт на Ксенија Пајчин, српска пејачка која многумина ја сметаа за најубава жена во Србија.

Таа кобна вечер, 16 март 2010 година, нејзиното момче Филип Каписода ја убил познатата пејачка во нејзиниот стан во Белград, а потоа и сам себе си пресудил. Нејзината смрт ја шокираше Србија, а многумина и денеска детално го памтат денот кога естрадата се зави во црно.

Според изворите блиски до истрагата, телото на Ксенија било најдено во ходникот, а телото на Филип во собата, додека покрај него бил пиштолот. Пејачката имала влезна и излезна рана на главата, додека Каписода имал само излезна рана на темето, што укажува на тоа дека тој прво ја убил Ксенија, а потоа си пукал себе си во уста.

Наводно, парот се расправал со денови, а причината била љубоморните испади на Филип, кон кои бил склон.

Слични содржини