100.000 вакцини Спутник V пристигнуваат вечерва во Србија

од Nikola Popovski

Уште 100.000 руски вакцини „Спутник V“ ќе пристигнат во Србија вечерва, објави министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ за Танјуг, откако утрово разговарал по телефон со неговиот руски колега, министерот за индустрија и трговија, Денис Мантуров.

Поповиќ изјавил дека вакцините ќе бидат транспортирани до Институтот Торлак веднаш по пристигнувањето на аеродромот „Никола Тесла“, од каде што ќе бидат дистрибуирани до центрите за вакцинација низ Србија во понеделник.

За време на разговорот со Мантуров, според Поповиќ, било потврдено дека „братска Србија останува приоритет за Русија во испораката на вакцини“.

Тој посочил дека оваа испорака е потврда за најдобрите односи меѓу Србија и Русија.

„Ова е уште еден доказ дека секогаш можеме да се потпреме на нашите браќа Руси и дека, како и многу пати досега во нашата историја, Русија никогаш не ја оставила Србија на цедило“, рече Поповиќ.

Поповиќ потсети дека Србија се согласила да купи вкупно два милиони вакцини од Русија и дека целата количина на вакцина ќе биде доставена до Србија до крајот на април.

loading...

Слични содржини