Спасовски: Со радост да ја исполнам доверената задача – да го донесам Светиот Оган во нашата татковина

од Radmila Tasevska

Годинава имам посебна чест да предводам државна и црковна делегација на Република Северна Македонија, на чинот на преземање на Благодатниот Оган, и по милоста Божја, со радост да ја исполнам доверената задача – да го донесам во нашата татковина, за верниот македонски народ да биде озарен од зраците на Светата Светлина, со најголемата тајна на Воскресението – победата над смртта!, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-профил.

Илјадници лета низ историјата, пишува, Светиот Оган секоја година, во пресрет на православниот Велигден, се пали во Кувуклијата, параклисот над Светиот гроб, во ерусалимскиот храм на Воскресението Христово. Постои верување дека Светиот Оган за првпат се појавил на 5 април во 33 г.н.е, точно во времето на Воскресението Христово.

– Денес Црквата на Светиот гроб во Ерусалим е исполнета со илјадници православни верници, кои Благодатниот Оган го преземаат од рацете на ерусалимскиот патријарх и го пренесуваат дома, напиша Спасовски на Фејсбук.

Слични содржини