-15 Берово, -11 Скопје -10 Д. Капија, -9 Штип, Битола, Тетово, Струмица, -8 Куманово…

од Vladimir Zorba
86 прегледи

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-15 Берово, -11 Скопје Петровец, -10 Д. Капија, -9 Штип, Битола, Тетово, Струмица, -8 Куманово, Кр. Паланка, Прилеп, -7 Дебар, Скопје-З.Рид,  -6 Гевгелија, Виница, Лазарополе, Претор, Охрид, Маврово, -5 Крушево, -4 Тополчани, -3 Пожаране, Ѓуриште, -1 Дојран.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Ведро и студено со слаб северозападен ветер.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево, во источните делови со мала до умерена локална облачност, каде ќе дува слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

 Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во наредните два дена од ќе се задржи стабилно и суво време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а преку денот сончево со мала  до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во благ пораст. Од средината на наредната недела се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд и снег и повторно опаѓање на дневната температура за неколку степени.

 

Слични содржини