Воспитаните, чувствителните луѓе се извинуваат. Често. Дури претеруваат понекогаш. Го прават тоа, поради загриженоста што ќе помислат околните, или затоа што им е гајле за чувствата на околните кои може да се повреди на нивните интереси и потреби. Верувајте, има многу ситуации во кои воопшто не е потребно да доживуваме болка и да се извинуваат.

1. Не сте обврзани да се извинувате на оној кој не ве сака
Напротив, радувајте се дека сте способни за љубов. Во светот има толку многу луѓе кои се плашат да сакаат што се откажуваат сосема од оваа шанса. Не е важно кого сакате и дали ви одговора со реципроцитет. Најважно е дека умеете да сакате.
2. Не сте обврзани да се извинувате за одбивањето. Никогаш!
Почитта на личните граници е израз на самопочитување. Ако зад одбивањето стои решителност или принципи, почитувајте ги. Вештината да се вели со достоинство “не” е карактеристика на вистински лидер.
3. Никогаш не се извинувате дека сте верни на своите соништа
Животот, доживеан со жалење е празен. Никогаш не се извинувајте што имате соништа, кон кои се стремите и тие прават да се чувствувате живи.
4. Не сте обврзани да се извинувате што одвојувате време за себе
Никогаш нема да станете успешни и среќни ако не мислите и за себе. Не игнорирајте ги своите потреби и одделете време за она што ве прави среќни или пак ве тера да се чувствувате добро.
5. Не треба да се извинувате за своите приоритети
Никогаш и никому не дозволувајте да ве натера да се чувствувате виновни за тоа како ги организирате вашите лични приоритети. Ако нешто е важно за вас, тогаш тоа навистина е важно. Луѓето кои ве ценат, секогаш ќе ги почитуваат вашиот избор.
6. Не сте обврзани да се извинувате за завршување на мачни односи
Не жалете и не покажувајте жалење што раскрстиле со луѓе кои се ви предизвикале непријатност или болка. Ако сфаќате дека односите со некого станале посложени, мачни и тоа ви пречи, правите огромен чекор напред.
7. Никогаш не се извинувајте за своите несовршености
Несовршеностите, недостатоците се исто така дел од уникатноста на секоја човечка личност. Примајте ги со љубов.
8. Не должите извинување за цврстата позиција
Никогаш не се извинувајте додека ги браните своите вредности, морал, етика, религиозни или духовни верувања. Лидерите не бараат прошка за своите мисли и дејства, бидејќи ги сметаат за точни.
9. Не треба да се извинувате дека не знаете нешто
Постојаниот стремеж кон знаење го тренира мозокот. Не се извинувајте дека нешто не знаете, а користете ја секоја можност да примате нови знаења. Вештината да се признае незнаење е знак како на сила, така и на скромност.
10. Никогаш не треба да се извинувате дека полагате големи надежи на некого
Никогаш не барајте прошка дека го очекувате од другите она што го очекувате и од себе. Големите надежи доделени на некого, значат дека му мислите само најдобро на овој човек.
11. Не сте обврзани да се извинувате дека трошите пари за себе
Не се каете што сте се разгалалиле со некое поскапо купување. Кога го правите тоа, ја зголемување самопроценката. Среќните и успешните луѓе добро знаат колку се важни нивните желби, за да е исполнет нивниот живот.
12. Никогаш не треба да се извинувате поради друг човек
Секој одговара сам за постапките и однесувањето. Не е потребно да се извинувате за стореното од друг, дури и ако тоа непосредно ве вовлекува или влијае.
13. Не треба да се извинувате што сте бавни да одговорите
Успешните луѓе знаат дека редоследот на приоритетите понекогаш претпоставува да се одложи итна реакција на телефонското ѕвонење или електронска пошта.
14. Никогаш не се извинувајте за вистината
Силните луѓе се експлицитни со вистините. Не се извинувајте што сте силен човек. Дури и таа вистина да е болна, подобро е да си останете чесен човек. Не изневерувајте се себе и не грижете се што ќе помислат другите. Премногу оправдувања или сожалувања, без вистинска причина, полека но сигурно ја намалуваат самопочитта. Зачувајте ги за случаите кога навистина не сте прави или пак сте направиле грешка.
15. Никогаш не се извинувајте што танцувате или пеејте лошо.
Танцот и песната се задоволство. Танцувајте и пејте во текот на целиот живот!