185 новозаразени со корона во земјава

од Nikola Popovski

Од направени 1.876 тестирања, регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19, информира попладнево министерството за здравство. Според билансот по градови, бројките изгледаат: Скопје – 99, Велес и Кочани – по 14, Кавадарци – 12, Штип – 11, Свети Николе – 8, Куманово – 6, Охрид – 5, Струмица – 4, Прилеп, Виница и Пробиштип – по 2, Гостивар, Гевгелија, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1 .

Регистрирани сe 523 оздравени пациенти од: Скопје – 153, Охрид – 98, Струга – 73, Куманово – 28, Кочани – 19, Велес и Штип – по 18, Тетово – 17, Кичево – 14, Кавадарци – 13, Битола – 12, Струмица – 10, Свети Николе – 7, Прилеп, Гостивар и Крива Паланка – по 5, Пробиштип, Берово и Валандово – по 4, Виница, Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 3, Неготино, Ресен, Дебар и Делчево  – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.301.702 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини