224 починати од корона во последните 24 часа во Бугарија

од Milan1

Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 3.020 нови случаи на корона вирус од направени 36.559 тестови, што значи дека 8,26 отсто од земените мостри се позитивни. Излечени во претходниот ден 2.965 души.

Починаа дури 224 лица, од кои 91,52 отсто не биле вакцинирани. Од почетокот на пандемијата, битката со вирусот во Бугарија ја загубија 28.325 луѓе.

Вкупниот број на хоспитализирани пациенти е 6.526, од кои 723 се на одделенијата за интензивна нега.

Во последните 24 часа, администрирани се 15.819 дози вакцина против Ковид-19. Од почетокот на кампањата за вакцинација во Бугарија дадени се вкупно 3.311.004 вакцини.

Слични содржини