Во фрижидерот секогаш има по нешто останато од ручекот или вечерата. Останатите производи често се непримамливи за членовите на семејството, што по некое време води до расипување и исфрлање.edcb2e93427dd59054b605798d45b35c

Никој не сака да фрла вишок средства за храна, која оду во ѓубре. Освен тоа во светот има толку луѓе кои гладуваат. Вистинско сквернавење е тоа да го правиме!

Затоа треба да смислиме итри трикови кои ќе ни помогнат да не дозволуваме остатоци од храна да заостануваат без да бидат изедени. Ние ќе ви помогнеме!

Направете си кутија, во која ќе ги ставате производите со приоритет
На повидливото место во фрижидерот ставете кутија со натпис “изеди ме прво мене!” Тоа е паметен начин да го привлечете вниманието на членовите на семејството за производите кои итно треба да бидат изедени, за да не бидат исфрлени.

Натписи на кутии за чување
Ставајте недоизедени производи во кутии со цврст краен капак. На нив лепете белешки со содржината, како и информации што е императив да се јаде прво, кое второ и т.н. На овој начин ќе им олесните на блиските, а и себе.fe0d7ffc64045dc7fbad753ba373cf58

Избирајте соодветни кутии
Важно е кутиите да се посебни. Ако ги изберете пластичните, треба да внимавате, освен да имаат цврст капак, да се направени од специјална пластика, погодна за фрижидер.
Најдобро е да се свртиме кон стаклените садови и купиме капак. Тие гарантирано задржуваат најмалку микроорганизми и се најмалку штетни за здравјето.

Одвојте посебно место во фрижидерот
Направете место во фрижидерот за работите кои остануваат за дојадување. Значи секој член на семејството ќе знае каде прво да го сврти својот поглед, отворајќи фрижидер.
Освен тоа ќе ви биде полесно да се заштитат свежите производи од недојадени остатоци.

Замрзнувајте
Ако ви е останато нешто што не може да се изеде веднаш – замрзнете го! Користете специјални кеси за замрзнување, на кои ќе означите детали за содржината.a2fd8a6b9b68c3a43db57fc2e4e41684

Замрзнувајте ги производите однапред димензионирани
Тоа е најлесниот начин да одмрзнување само колку  што ви треба. Ужасно досадно е да треба да одмрзнувате цело пакување, а за готвењето да ви треба само една лажица, на пример.

Направете го менито однапред
За да заштедите нерви и средства, правете си однапред осмислено мени за неколку дена однапред или барем за следниот ден.

Во него вклучувајте ги остатоците со кои располагате. Можете да ги трансформирате во некоја друга варена варијанта или да ги препржуте – изборот е ваш. Најважно е тие да не се задржуваат премногу во фрижидер.

Слични содржини