Земјотрес од 4,8 по Рихтер во Бугарија

од Vladimir Zorba
96 прегледи

4,8 за Рихтер ги стресе Пловдив и Асеновград,  а ги разбуди дури и граѓани од Софија

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го потресе Пловдив и Асеновград, јавија бугарските медиуми.
Епицентарот на земјотресот е на 2 километри североисточно од Асеновград, на 17 километри југоисточно од Пловдив ма е на длабочочина од 10 км.
Некои граѓани кои се поблиску до епицентарот во Асеновград и околината пријавуваат дека доживеале интензивно и долготрајно тресење, а други почувствувале само силен удар Повеќето, исто така, известуваат дека силниот земјотрес ги разбудил. Нема паника, нема материјална штета.
Земјотресот  се почувствува на високите катови во главниот град, додава главниот уредник на BGNES.
Според податоците на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот ја потресол Северна Грција,  а се почувствувал и  и во делови од Македонија.
Националниот институт за геофизика, геодезија и географија при Бугарската академија на науките објави десетици последователни потреси  со помала сила.