По повод 20-годишнината од смртта на принцезата Дијана, Америка ќе емитува 4-часовен документарец посветен на нејзиниот живот.
Филмот, кој ќе биде поделен во 2 дела ќе вклучува интервјуа со експерти во однос на Дијана, нејзини пријатели и освен тоа ќе покаже лични видео записи на принцезата.
Производството ќе биде остварено поради соработката меѓу новинари од телевизијата “Еј-Би-Си” и шефовите на списанието “Пипл”, пишува “Холивуд Репортер”.
Принцезата Дијана почина во сообраќајна несреќа во Париз на 31 август 1997 година, на 36-годишна возраст.