5 изговори и оправдувања кои се виновници за вашата лоша состојба

од Elena Daskalova

Сите ние имаме соништа и цели, но не секогаш имаме желба и елан да почнеме да ги остваруваме сега и веднаш.

Причина за тоа некогаш е мрзеливоста, некогаш стравот од неизвесното, некогаш и свесното одложување…

Ова се најчестите изговори поради кои уште не сте го направиле она за кое знаете дека ќе успеете:

Чекате совршен момент

Совршените моменти не ги чекате, туку самите ги креирате. Секој момент е совршен ако вие го направите таков. Ако само чекате, без да преземете каква и да е акција, ќе го пропуштите вистинскиот момент и ќе го потрошите животот во чекање на нешто што реално не постои.

Мислите дека сте престари за нешто

Ова е реченица која воопшто нема смисла, бидејќи постојат голем број примери за постигнување на нов успех на повозрасни години. Исто тоа е оправдување кога сакате да одложите нешто од кое се плашите. Но, секоја новост носи ново знаење и искуство.

Одложувате обврски за подоцна

Можеби ви изгледаат како ситни и неважни обврски, како што е фрлање ѓубре, јавување по телефон напријател или дочитување на започната книга. Но, добро би било кога во списокот на приоритетни обврски би ги уфрлиле и овие, помалку важните, за да избегнете стрес и анксиозност подоцна.

Мислите дека нешто не можете

Некогаш ни самите не сме свесни колкава е нашата сила додека не дојде момент да мораме да ја примениме. Секако, овде не се мисли на физичка сила, туку и на ментална и психолошка. Единствена разлика меѓу оние кои успеале и кои не успеале е што едните верувале дека можеле, а другите биле сигурни дека не можат.

Сметате дека никој не ве разбира

Ова чувство е сосема нормално, но не смее да биде трајно. Ако мислите дека сите околу вас се свртени против вас, време е да се погледнете себе и да се запрашате каде е всушност проблемот.

Слични содржини