5 проблеми, кои Мурињо треба да ги реши во Јунајтед

од Vlatko K

Жозе Мурињо е под притисок во Манчестер Јунајтед, а Зинедин Зидан му дише во вратот. Португалецот има сериозен ребус за решавање, ако сака да го задржи своето место на „Олд Трафорд“.

По само четири круга во Премиер Лигата, Специјалниот веќе има главоболки, а паузата за националните тимови беше добредојдена. Дали ќе има ефект, ќе видиме при гостувањето кај Ватфорд во сабота во 18.30 часот, откако „стршлените“ имаат 4 победи во 4 натпревари.

Кои се сепак проблемите на Мурињо, кои подитно мора да ги реши?

1. Да се разбере со Пол Погба

Долго време се вртат гласини за нивната врска. Тие сè уште молчат, иако постојат очигледни знаци на несогласување. Мурињо го извлече од тимот минатата сезона и Пол рече дека ќе биде казнет ако рече нешто. Време е двајцата конечно да ги закопаат „секирите“, затоа што Погба дефинитивно е класа фудбалер и може да биде оружјето што ќе го поведе Јунајтед напред. Најдобро за клубот е двајцата да почнат да си ја вршат работата, бидејќи Французинот е поважен за Жозе отколку Жозе за него. Причината е јасна – тој е на врвот на својата кариера, освои светска титула и може да игра секаде каде што сака.

2. Да ја среди одбранбената четворка

Мурињо е бесен дека клубот не му донесе нов дефанзивец во текот на летото. Но, ротацијата во задните линии, ги збунува повеќе Јунајтед, отколку нивните противниците. Засега Специјалниот покажува дека не е задоволен од играта во оваа зона и постојано ги ротира фудбалерите, иако минатата година беше донесен Виктор Линделоф за 30 милиони фунти. Досега, Португалецот покажаа дека нема доверба во неговата дефанзивна четворка. Ова е дополнително попречено од Давид де Хеа, на кому му е потребна стабилност и постојаност пред него.

3. Да се помири со играчите, што му стојат на располагање

Доста со оправдувања! Иако доби само еден од петмината посакувани фудбалери, Мурињо треба да продолжи напред и да ја прифати ситуацијата, бидејќи располага со доволно натпреварувачи од светска класа, кои можат да играат насекаде. Доволно е да ги споменете Алексис Санчез, Пол Погба, Давид де Хеа. Време е Мурињо да го извлече најдоброто од нив и да ја изгради играта околу неговиот сегашен тим, а не постојано да се навраќа кон неостварените зделки на пазарот на трансфери.

4. Да ги надмине проблемите со шефот

Мурињо има конфликт со главниот извршен директор, Ед Вудворд бидејќи не е задоволен од летниот избор. Но, недостигот на доверба и чувството на несигурност не помага на никого во клубот. Стратегот мора да работи за да ги среди работите со раководството и да докаже дека тој се уште е вистинскиот менаџер за функцијата, бидејќи Вудворд е човекот кој има големо влијание врз иднината на Жозе.

5. Да престане да води непотребни војни

Ова е нешто што Мурињо секогаш го правел во текот на неговата кариера, но време е да обрне внимание на проблемот и да престане да го прави тоа. Тајната да се биде добар менаџер е да се прилагоди според условите. Сер Алекс Фергусон, на пример, беше познат по обидот за нови работи и учење од своите грешки. Додека Мурињо смета дека минатите успеси ќе работат за него и сега. Напротив – тие повеќе не се важни. Без оглед колку импресивни се резултатите во неговите поранешни клубови, тој се уште не се докажа на „Олд Трафорд“. И тоа треба да биде неговата главна цел, а не да бара постојани изговори. Луис ван Гал беше отпуштен откако го освои ФА Купот. Значи, Мурињо мора да почне да се прилагодува за да го намали притисокот врз неговите раменици.

Извор: „Мирор“

Слични содржини