„5G мрежата ги поттикнува човечките клетки да создаваат вирус“: Научен труд кој го крена светот на нозе

од Aleksandar Petrovski

Истражувачите брзо негираа научен труд тврдејќи дека 5G мрежата го зголемува ризикот од коронавирусот SARS-CoV-2.

Претходно овој месец, меѓународен тим на научници објави извештај во меѓународната база на податоци „PubMed“, во кој се тврди дека мобилната мрежа 5G успеала да ги започне човечките клетки за да создаваат вирус.

Тие тврдеа дека нашите клетки на кожата делуваат како антени и го апсорбираат сигналот што понатаму се испраќа до други клетки, кои потоа го произведуваат вирусот.

Ова би значело дека земјите со најголема дистрибуција на мрежата 5G, исто така, би имале најголем број пациенти, но, на пример, Соединетите држави, кои имаат најголем број случаи, немаат најголема дистрибуција на оваа мрежа.

Мрежата 5G во моментов е најзастапена во Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Швајцарија, Кувајт, Австралија, Шпанија и Велика Британија.

Оригиналниот напис го објавија истражувачи од универзитетот Гуљелмо Маркони во Италија, Централниот универзитет Мичиген во САД и државниот медицински факултет во Москва.

Во првата реченица, тие изјавуваат дека милиметарските бранови на 5G мрежата се апсорбираат од дерматолошките клетки, кои играат голема улога во креирањето на коронавирусот во организмот.

Како и да е, членовите на научната заедница брзо станаа сомнителни и увидоа дека за да се докаже се користат несоодветни методи што немаат никаква врска со реалниот живот.

Д-р Елизабет Бик, поранешен истражувач на универзитетот Стенфорд, која сега работи на идентификација на грешки и манипулации во научните трудови, беше една од првите што го отфрли овој научен труд.

– Јас буквално се шокирав кога го прочитав ова – напиша таа на својот блог и укажа на дијаграмот што го вклучуваат истражувачите.

– Имајте на ум дека овде се вели дека 5G бранови доведуваат до производство на Ковид-19. Очигледно тие ја мешаат болеста со вирусот. Клетките не можат да создадат вирус. Ги повикувам сите да ја отфрлат оваа студија – истакна таа.

Џејмс Хедер, истражувач од Nortvestern универзитетот во Бостон, вели дека „не видел ништо поглупаво“.

Иако научниот труд е повлечен, Питер Град од магазинот Медикалекспрес вели дека објавувањето на студијата има далекусежни импликации.

– Ваквите страници фрлаат сомнеж во легитимно истражување и утврдени факти и шират малициозни лажни вести за наука и здравје, создавајќи непотребен страв и сомнеж. Луѓето веќе нема да можат да прават разлика помеѓу пропагандата и вистинските истражувања – посочи тој.

Пред неколку дена, ПубМед објави дека студијата е повлечена.

Слични содржини