МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-6 Крушево, Берово, Лазарополе, -5 Маврово, -4 Ѓуриште, Охрид, Штип, -3 Куманово, Претор, Струмица, -2 Пожаране, Тополчани, Виница, Кр. Паланка, -1 Прилеп, Битола, 0 Д. Капија, Тетово, 1 Дојран, Скопје, 2 Гевгелија.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Утринава во земјава времето е сончево, тивко и студено. Дува слаб ветер од северен правец кој повеќе е изразен на повисоките места и планините.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Највисоката температура во земјава ќе достигне од 1 до 8 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен северен ветер и температура до 5 степени
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен источен ветер. Утринска т-ра: -10 до -3, дневна т-ра: 1 до 7 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен северен ветер и температура до 5 степени
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
За викендот и в понеделник изутрина времето ќе биде ведро и студено. Од понеделник преку денот облачноста ќе се зголемува, а од вторник а се очекуваат повремени врнежи од дожд и снег.