60-годишната Елке Кар, прв комунистички градоначалник на Грац

од Milan1

Околу два месеца по сензационалната победа на Комунистичката партија на Австрија (КПОе) на локалните избори во Грац, денеска треба да биде избран нов градоначалник.

Градскиот совет планира да заседава во текот на денот, а се смета дека ќе биде избрана 60-годишната Елке Кар.

Кар ќе биде првиот комунистички градоначалник во Грац. KПOe го води сојузот со Зелените и Социјалдемократската партија (СПОe) во Грац.

Една од најважните теми на заедничката програма за следните пет години е станбената политика, како изградба на повеќе градски станови.

Комунистите се важна политичка сила на локално ниво во Австрија со децении.

Со 29 отсто, КПО ја надмина владејачката конзервативна Австриска народна партија (ОеВП) и долгогодишниот градоначалник Зигфрид Нагл на локалните избори на крајот на септември.

Слични содржини