7 ПРАВИЛА ЗА ВОСПИТУВАЊЕ МЕНТАЛНО СИЛНИ И ЗДРАВИ ДЕЦА: Сè започнува и завршува во семејството

од Stefanija Kuzmanovska
797 прегледи

Евреите важат за еден од најмудрите народи на планетата, затоа не интересираше како ги воспитуваат децата?

Тие строго се придржуваат до овие 7 златни правила на родителство:

1. Не им создавајте комплекси на децата

Никогаш нема да му кажат на своето дете – не си го направил тоа како што треба, туку наместо тоа ќе речат – како може добро дете како тебе да направи нешто толку погрешно?

„Моето дете нема и не може да има мани“ – ова е ставот на мајките Евреи. Можеби ќе ги видат, но никој друг нема да знае за тоа, бидејќи тие никогаш не зборуваат лошо за своите деца.

2. Разумна слобода

Современото еврејско образование комбинира две навидум контрадикторни работи: слободата на детето и строгите правила.

Нема да полудат ако детето направи некоја беља, но детето добро ќе знае до која граница може да оди. Добар баланс во образованието се постигнува со разговор и објаснување.

3. Пофалете го вашето дете колку што е можно почесто

Родителот треба да го пофали детето и за најмалите достигнувања. Ако се обидеме да ги забележиме сите добри работи кај децата, вклучувајќи ги и „малите нешта“, и да ги поттикнеме во секоја прилика, тоа може радикално да го промени нивното однесување.

За да им ја зајакнете желбата за успех и да им ја зголемите самодовербата, дозволете им да „прислушкуваат“ и да слушнат кога ќе ги пофалите на вашите пријатели. Тоа ќе има исклучително позитивно влијание врз нив.

4. Со свој пример ги учат децата што е добро

Децата го имитираат она што го гледаат, па родителот мора да биде добар пример.

5. Љубовта и почитта во семејството се гаранција за менталното здравје на детето

Се почнува од семејството, таму детето ги стекнува првите навики. Доколку порасне во средина која е исполнета со љубов и хармонија, големи се шансите да прерасне во личност со многу самодоверба. За да може детето да биде ментално силно, мора да има хармонија меѓу родителите.

6. Подобрете ги вашите родителски вештини

Во обид да воспитаат успешни и независни деца, еврејските психолози развија цел систем на образование, за кој секој може да научи на специјални курсеви за родителство. Воспитувањето на мал гениј започнува со обуката на родителите. На овој начин ќе му дадете пример на детето дека постојаното учење е клучот за успехот.

7. Научете ги децата правилно да го користат своето време

Еврејските деца не знаат што е мрзеливост и празни муабети. Часови по виолина, англиски јазик, математика…децата се навикнати на тоа дека е нормално да се биде постојано зафатен со работа уште од мали нозе.

Слични содржини