СДСМ: Продолжуваме со барање решенија за изборите

од Берта Китинска
279 прегледи

Нашите напори се Северна Македонија итно да излезе од оваа институционална криза, а тоа значи избори час
поскоро, за да добиеме целосно функционални Собрание и Влада, информираат од владејачката СДСМ по најавите дека е можен договор за датум за парламентарните избори со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Продолжуваме со барање решенија ова да се реализира на најбрз можен и целосно демократски начин, потенцираат од СДСМ.

Официјални информации за разгворите помеѓу двете партии нема.Само се знае дека има комуникација меѓу нив и дека се очекува до крајот на денот или утре да има некаков исход.Во меѓувреме, роковите за парламентарни избори на 5 јули течат.

Слични содржини