Германски научници: Вакцината можеби нема да делува на короната

од Aleksandar Petrovski

Студијата на научници од Минхен не носи добри вести. Имено, сугерира дека антителата против коронавирусот не остануваат во телото повеќе од неколку месеци, што ја доведува во прашање ефикасноста на можна вакцина или долгорочен имунитет.

Резултатите сугерираат дека оздравените пациенти може повторно да бидат заразени, но потребни се дополнителни тестови за да се потврди ова.

Антитела во крвта

„Тестовите на пациенти третирани на Клиниката Швабинг во Минхен покажаа значителен пад на бројот на неутрализирачки антитела во крвта“, рече Клименс Вендтнер, постар советник во одделот за инфективни болести во болницата.

„Кај четири од деветте пациенти забележавме пад на неутрализирачки антитела во еден специфичен тест што може да се изврши во високо-безбедносна лабораторија“, вели Вендтнер.

„Сега можеме да шпекулираме само за влијанието на тоа откритие врз долгорочниот имунитет и стратегијата за развој на вакцините“, додаде тој.

„Резултатите сугерираат дека пациентите кои се опоравиле може повторно да бидат заразени со вирусот, но потребни се дополнителни тестови за да се потврди ова“, вели Вендтнер.

Имунитетот на телото се состои од Б клетки одговорни за антитела и Т-клетки кои помагаат да се уништат или можат да уништат патогени што научиле да ги препознаат откако телото е изложено на првата инфекција. И двете се одговорни за долготраен имунитет.

Кинески научници: антителата траат два месеци

Откритието на Вендтнер е во согласност со другите истражувања спроведени низ целиот свет.

Кинеските научници објавија во списанието „Nature“ дека присуството на антитела на коронавирус во крвта значително опаѓа по два месеци.

Ова е особено точно за асимптоматски пациенти кои произведуваат помалку антитела и затоа имаат послаб имунолошки одговор.

Ќе го спречиме вториот бран на епидемијата

„Германија може да го спречи вториот бран на коронавирус на есен ако луѓето останат внимателни, особено за време на летните одмори“, рече министерот за здравство Јенс Шпан во понеделникот.

Шпан на прес-конференција изјави дека е важно да се биде претпазлив на патувањата во странство и дека е загрижен за фотографиите од забавите во текот на викендот во Мајорка каде се игнорираат правилата за физичка оддалеченост.

„Ја разбирам нетрпеливост, но на забавите ризикот од инфекција е особено голем“, рече Шпан.

„Затоа мораме, особено сега за време на празниците, да спречиме инфекции. Не мора автоматски да очекуваме втор бран во есен и зима. Заедно, како општество, можеме да го спречиме тоа, како што направивме претходно – со кршење на брановите и контролирање на пандемијата“.

Тој додаде дека повеќе од 15,5 милиони луѓе инсталирале апликација за следење на инфекцијата и дека 500.000 луѓе биле тестирани за коронавирус во Германија минатата недела, најмногу од почетокот на кризата.

Нешто помалку од 500.000 заразени и 9000 смртни случаи се регистрирани во Германија.

Слични содржини