Волстрит журнал: Зошто Трамп криел дека е заразен со Ковид-19?

од Nikola Popovski
374 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп бил тестиран за позитивен на коронавирус во четвртокот вечерта, пред да се појави на „Фокс њуз“ каде не ги открил тие резултати, тврди „Волстрит журнал“.

Трамп не го открил позитивниот резултат од брзиот тест на Ковид-19 во четвртокот, додека ги чекал резултатите од подеталните тестови, тврдат за весникот луѓе запознаени со ситуацијата.

Се наведува дека Трамп имал позитивен тест во четвртокот вечерта пред да се појави на „Фокс њуз“, каде не го открил тој резултат. Наместо тоа, тој ги потврдил претходните извештаи дека еден од неговите главни асистенти бил позитивен на Ковид-19 и спомнал уште еден тест што тој го направил таа вечер за кој чекал резултат.

„Ќе ги имам своите резултати или подоцна вечерва или утре наутро“, рекол тој за време на интервјуто.

Во 1.00 часот во петокот наутро, Трамп „твитнал“ дека е позитивен на коронавирус.

Според протоколите на Белата куќа, посигурен тест кој испитува примерок од носната празнина се спроведува само откако брз тест ќе покаже позитивни резултати. Како што изјавија извори запознати со случајот за „Волстрит журнал“, тестирањето на Трамп го следело тој протокол.

Бидејќи вирусот се ширел во неговиот круг на луѓе, Трамп исто така побарал еден советник да не ги открива неговите позитивни резултати од тестовите.

„Никому не кажувај“, наводно рекол Трамп, според извори на „Волстрит журнал“.

Трамп и неговите врвни советници исто така сакале да ги задржат во тајност позитивните резултати што неговиот менаџер на кампањата, Бил Степиен, не знаелдека Хоуп Хикс, една од најблиските соработници на претседателот, била тестиран во четвртокот наутро, се додека вестите не се појавилевечерта, пренесува извор на Волстрит журнал.

Кампањата на Трамп во петокот вечерта објави дека тестот на Степиен е исто така позитивен.

Првичната тајност во блискиот круг на Трамп создало чувство на вознемиреност кај Западното крило на Белата куќа, се наведува во текстот. Администрацијата јавно издалапостојани и контрадикторни изјави за здравствената состојба на Трамп, до степен до кој некои официјални лица се загрижени за сопствениот кредибилитет.

„Залепен сум за „Твитер“ и телевизија затоа што немам официјална комуникација со никого од Западното крило“, рекол еден службеник.

Белата куќа не дала коментар за пишувањето на „Волстрит журнал“.

Слични содржини