Оваа година Нобеловата награда за медицина им била доделена на Харви Алтер, Мајкл Хоутон и Чарлс Рајс, тројца научници кои идентификуваа нов вид на вирус – хепатит Ц.
Нивните откритија доведоа до ново ниво во борбата против вирусите кои се пренесуваат преку крв. Пред нивната работа, откривањето на вирусите на хепатит А и Б бил клучен чекор напред, но повеќето случаи на хепатитис што се пренесуваат преку крв останаа необјаснети, се наведува на официјалната веб-страница на Нобеловата награда.
Тоа е пресвртна точка во борбата против вирусните заболувања. Благодарение на нивното откритие, сега се достапни високо чувствителни крвни тестови за вирусот, кои, всушност, го елиминираа по трансфузискиот хепатитис во многу делови на светот, што значително го подобрува глобалното здравје.
Нивното откритие исто така овозможило брз развој на антивирусни лекови насочени против хепатит Ц. За првпат во историјата, болеста сега може да се лекува, зголемувајќи ги надежите за искоренување на вирусот хепатит Ц кај светската популација.
За да се постигне оваа цел, ќе бидат потребни меѓународни напори за да се овозможи тестирање на крвта и достапност на антивирусни лекови низ целиот свет.