Прво интервју на Навални по инцидентот: Рацете сè уште ми се тресат, но ќе се опоравам

од Nikola Popovski
174 прегледи

Рускиот опозиционер Алексеј Навални го дал првото видео интервју по инцидентот што му се случи и изјавил дека се чувствува подобро секој ден по неговото боледување, но дека неговите раце се уште се тресат.

Како што соопштил, тој треба многу да вежба, но сигурен е дека ќе се опорави.

„Рацете ми се тресат до таа мера што ако се обидам да пијам вода од шише, би подготвил вистински спектакл за околината. Но, секој ден станувам се подобар, работам со физиотерапевт. Денес тој почна да ме учи да жонглирам, па наскоро ќе можете да ме видите како во еден момент возам и како вадам зајак од капа. Шега на страна, морам да направам многу вежби кои вклучуваат лево-десно, за мозокот да знае што прави. Но, сè ќе биде добро и верувам дека ќе се опоравам“, рекол Навални во интервјуто за новинарот Јуриј Дуд.

Германската влада на 2 септември објави дека Навални е отруен со супстанца од групата хемиски воени отрови „Новичок“. Од Русија се бара да спроведе истрага, а официјална Москва инсистира Берлин да и достави информации во врска со Навални.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров вчера изјавил дека лекарите од берлинската клиника „Шарите“, во која се лекувал Навални, не пронашле отровни супстанци во неговите анализи, исто како и лекарите во Омск.

Лавров рекол дека тоа е пронајдено само во лабораторијата во Бундесверот, пренесува „Tass“.

Слични содржини