Загрижувачката состојба со коронавирусот денеска ќе биде тема на разговор и во Вилата Водно, каде претседателот Стево Пендровски го свика Советот за безбедност.
На седницата, како што соопшти кабинетот на претседателот, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство Венко Филипче.
Корона-кризата и догодина ќе ја зголемува задолженоста
На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 28.697, бројката на оздравени пациенти е 19.771, на починати е 963, а бројот на активни случаи изнесува 7.963.