Царовска: Здравствените власти ќе одлучат дали второ полугодие ќе биде со физичко присуство

од Берта Китинска
328 прегледи

Многу е важно да кажеме дека нашите ученици, најголем процент од нив, го репродуцираат своето знаење или тие се обучени за тоа, вели министерката за образование Мила Царовска.

Потребно е да ги погледнеме сите бројки од домашните тестирања за понатаму да го подобриме нашето образование. Министерката нагласи и дека меѓународните тестирања се многу важни, како и дека токму тие го покажуваат степенот на знаење на самите ученици.

-Наспроти она што е светски тренд, дека тие треба се оспособат и да го искористат своето научено знаење во непознати ситуации во училиштето и надвор од него. Токму за таков тип на образование ќе се стремиме во наредниот период.Сето ова бара тимска работа, а во моментот се случуваат подготовки за меѓународните тестирања на ПИСА. Ваквите тестирања се многу значајни и покажуваат до каде се нашите ученици со нивното знаење, изјави Царовска.

За тоа дали учебната 2020/2021 ќе заврши со хибридна настава министерката изјави дека овој модел се покажал какоуспешен и така ќе заврши годината.

– Избравме хибридна настава зашто тој модел нудеше најмногу опции. Дел од наставата се одвива со физичко присуство, поголем дел е онлајн, а учениците од стручните училишта одат комбинирано на настава. Одржав состанок со директорите на училиштата и тие потврдија дека без проблем заврши оценувањето за  првото тримесечје. Доколку се создадат услови за да сите ученици се вратат во училиште, но за тоа ќе го направиме сепак одлучуваат здравствените власти, изјави Царовска.

Директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска на прес-конференцијата истакна дека реализатор на сите меѓународни тестирања во нашата земја е токму Државниот испитен центар. Инстиуција која е задолжена за мерење на квалитетот на образовниот систем, односно за спроведување на екстерна евалуација на постигнувањата на учениците.

– Зошто меѓународните студии се важни за нас? Генерациите кои сега се школуваат ќе бидат граѓани на ЕУ, па затоа е важно да знаеме кои се светски трендови и во која мера нашето образование ги подготвува младите луѓе за иднината  изјави Наумовска.

Слични содржини