Јувентус го бара спасот во 38-годишен напаѓач

од Nikola Popovski
272 прегледи

Јувентус е заинтересиран за Фабио Кваљарела од Сампдорија, но управата на клубот не е сигурна дали 38-годишниот играч сака да се врати во Торино.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека тренерот Андреа Пирло повторно сака да соработува со Кваљарела, со кого играше за „старата дама“ од 2011 до 2014 година.

Како што се наведува, Кваљарела се очекува да го продолжи договорот со Сампдорија, но тој сепак би можел да одлучи да се обиде повторно да заигра во Јувенутус пред да ја заврши кариерата.

Раководството на Јуве контактираше со своите колеги од Сампдорија, со цел да се провери можноста за трансфер и да се засили нападот, бидејќи тимот е петти на табелата со 27 бода, 10 помалку од водечкиот Милан со натпревар помалку.

Кваљарела има договор до јуни и наскоро се очекува да преговара за продолжување на соработката.

Оваа сезона тој постигна седум погодоци на 14 натпревари во Серија А. Тој има одиграно 214 натпревари за клубот од oaенова со 93 погодоци.

За Јувентус тој забележа 102 настапи, постигна 30 гола и освои три шампионски титули и два Суперкупа на Италија.

Слични содржини