Во Бабушкинскиот суд во Москва се одржува рочиште по тужбата на опозиционерот и блогер Алексеј Навални против претходната одлука на судот за замена на условната казна со затворска казна во случајот „Ив Роше“. Судењето во судницата повторно го следат дипломатски претставници на земјите-членки на ЕУ.
Во рамки на случајот „Ив Роше“, Навални беше осуден за кражба на 30 милиони рубли.
Според „Спутник“, во судницата има претставници на девет земји – Литванија, Летонија, Естонија, Полска, Норвешка, Шведска, Финска, Данска и Холандија.
Претставниците на амбасадите на западните земји и претходно доаѓаа на судските постапка против Навални.
Исто така, покрај руските новинари, акредитирани се 18 странски медиуми за известување.
Одбраната на Навални побара да се поништи претходно донесената судска одлука, додека обвинителот бара да биде потврдена.
Навални, исто така, ќе има рочиште во текот на денот во врска со случајот за клевета против ветеран од Втората светска војна. На тоа рочиште треба да се донесе пресуда.