Михајловиќ: Во Серија А ти треба психијатар

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Болоња се очекува да играат против Наполи во Серија „А“ во недела на 7 март.

Натпреварот се игра на стадионот „Диего Марадона“ со почеток во 20 часот и 45 минути, а тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, имаше интересно обраќање до медиумите пред овој натпревар.

Српскиот стручњак рече дека повеќе не знае како да се однесува со оглед на подемите и падовите што ги има неговиот тим.

„Тука ти треба психијатар, лесно полудуваш. Како е можно да го победиш Лацио три дена пред тоа, а потоа ти доаѓа тим под тебе на табелата и губиш така? Прашање на карактер е кога ги имаш тие подеми и падови, но убавината на мојата работа е стимулирање на играчите. Мора да разберете, кога губите, како губите. Сè зависи од нас, од нашата глава“, вели Михајловиќ.

Слични содржини