На социјалните мрежи се појави петиција за повлекување на Васил Гарванлиев од Евросонг, а таа следи по жестоките реакции и низа критики околу спотот на евровизиската песна на во којшто се тврдепе дека е претставено бугарското знаме и интервјуто во кое тој кажува дека има бугарско државјанство.
Гарванлиев во видео кое кружеше на социјалните мрежи, откри дека освен македонски има и бугарски пасош, бидејќи баба му била по потекло од Бугарија и имал далечни роднини таму. За себе тој вели дека е роден во Струмица, која како што вели се наоѓа од „другата страна на земјата“.
Толку, пишете му крст ❌ pic.twitter.com/jPGGkUVpfA
— p|ps 👌 (@m0rban) March 14, 2021
Организаторите и потписниците на петициите се согласни дека претставникот треба да биде променет, но и да се размисли дали навистина сакаме да учествуваме како држава на овој фестивал. Потсетуваме, македонската јавност најпрво реагираше на кадар со делото „Триптих“ на авторката Жанета Вангели, каде боите се распоредени како на бугарското знаме, а потоа и на јавното признание дека Гарванлиев има и бугарско државјанство.
„Сакам да ја искористам оваа можност да и се заблагодарам на Европа и на светот за неверојатниот одговор, реакциите, пораките, љубовта и поддршката. За жал, изминатиов викенд работите зедоа поинаква насока во мојата прекрасна Македонија и моравме повторно да го отстраниме и да го поставиме видеото (поради погрешно толкување на триптихното уметничко дело на ѕидот)“, напиша на својот Фејсбук профил, Гарванлиев,
Тој вели дека е музички амбасадор, а во музиката нема религија, политика, ориентација, раса или боја.