СКАНДАЛ ВО ТОРИНО: Полицијата прекина забава на фудбалери на Јувентус

од Vladimir Zorba
463 прегледи

Вестон Мекена, Пауло Дибала и Артур, првотимци на Јувентус, ќе бидат казнети од клубот, и тие се во опасност од кривично гонење затоа што биле учесници на забава, што не е дозволено за време на пандемијата на коронавирус во Италија.

Соседите повикале полиција и за да бидат работите уште полоши за асовите на „Старата дама“, тие ја оставиле полицијата да чека речиси еден час пред вратата. Кога конечно им отвориле, ги затекнале фудбалерите со пријатели.

Сите морале да платат 400 евра на лице место, а останува да се види дали против нив ќе биде покренато друго обвинение.

Исто така најавено е дека Јувентус сигурно ќе казни тројцата „журкаџии“.

Слични содржини