С. Македонија ќе добие 2,6 милиони вакцини за 1,3 милиони граѓани

од Nikola Popovski
204 прегледи

Владите на Македонија и на Србија постигнаа договор за донација на 40.000 вакцини „Спутник V“, од кои првата количина од 20.000 дози пристигна денеска на скопскиот аеродром.

Пристигнувањето на оваа донација која е втора по ред, откако Србија ни донираше над 8.000 вакцини од производителот Фајзер, премиерот Заев ја опиша како акт на огромно пријателство кое доаѓа во многу значајно време, додавајќи дека тие доаѓаат во период кој е многу важен за да продолжи континуитетот на масовна вакцинација во земјата.

„Очекуваме во текот на овој месец да стигнат првите 20-25 илјади од вкупно 100 илјади вакцини од Европската унија и сите 200 илјади вакцини од Кина, како и следните количини од „Спутник В“ и вакцините од „Фајзер“, од кои имаме нарачано 800 илјади. Ќе се набават и дополнителни 500 илјади од втората кинеска вакцина „Синовак“, со што ќе се заокружи бројката од 2,6 милиони вакцини, за 1,3 милиони граѓани“, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашање по пристигнувањето на нови вакцини од Србија.

Тој истакна дека се пријавил за вакцинирање, и дека ќе се вакцинира со било која вакцина, односно со таа што ќе дојде на ред.

„Јас веќе се пријавив за вакцинација преку онлајн апликацијата како секој граѓанин, и која вакцина ќе дојде на ред, со таа ќе се вакцинирам. Сметам дека сите вакцини се здрави, безбедни и уште еднаш апелирам до граѓаните да ја искористат можноста и да се пријават за вакцинација“, рече Заев.

Слични содржини