Адвокатот на Камчев бара меѓународен мониторинг за случајот

од Nikola Popovski

Со отворено писмо до 47-те министри за надворешни работи на Советот на Европа, одбраната на Јордан Камчев бара меѓународен мониторинг за случајот.

Според нив, круцијалниот доказ со кој судот располага  и врз основ на кој Јордан Камчев е противзаконски лишен од слобода и му е повторно продолжена мерката притвор е целосно незаконит доказ, односно, не смее да биде доказ во кривична постапка.

„Имајќи го предвид незаконитото лишување од слобода, тортурата која беше потврдена и против правната и незаконита употреба на „сомнителни докази“, надвор од сите процедури и стандарди на дејствување  од страна на Агенцијата за национална безбедност, како и јавниот напад на одбраната во случајот на Јордан Камчев, одбраната се обрати до Советот на Европа.

И покрај сите инсистирања од страна на одбраната судот одбива тој доказ да го обелодени, достави и презентира на одбраната. Имено, информацијата (заведена под СД бр. 02-545/1 од 14 ти Март 2021 година) на АНБ врз која се заснова решението на судот за лишување од слобода, не само што не е доставена до одбраната и судот одбива да го стори тоа, Информацијата на АНБ е  спротивна на член членот 43 од Законот за Агенцијата за национална безбедност и согласно на овој член, не може да се употреби како доказ во кривична постапка, но може да се користи за иницирање и насочување на кривична постапка“,  вели адвокатот Тони Менкиноски.

Тој потенцира дека е недозволливо е вршење на јавни напади и притисоци врз одбраната на Јордан Камчев, преку соопштенија и изјави што претставува директно мешање и дискредитација како на целокупниот предмет, така и директно на Јордан Камчев и на неговата одбрана.

„Поради молкот на македонските институции во овој случај, до кои повторно апелираме да започнат да постапуваат согласно својот професионален интегритет, одбраната на г-дин Јордан Камчев бара меѓународен мониторинг на случајот односно, овој случај да биде дел од процесот на мониторинг на Комитетот на министри на Советот на Европа. Меѓународен мониторинг се бара и поради директно кршење на Уставно загарантираните права и гаранции на Јордан Камчев на „слобода и безбедност”,„правото на ефикасна и делотворна одбрана ” и на неговото право на „правично судење пред непристрасен трибунал”, како и дека бил субјект на нечовечко и понижувачко дејствување од страна на институциите на Македонскиот систем кои му ја имаат ограничено неговата слобода, вели адвокатот Менкиноски.

Слични содржини