Заев: Рестриктивните мерки пред празниците беа мудар потег, 85% од нашиот народ е религиозен

од Nikola Popovski
368 прегледи

Премиерот Зоран Заев одговораше на прашање за тоа дали Владата ќе ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и Главниот кризен штаб во однос на рестриктивните мерки во земјава, во борбата против коронавирусот.

„Комисијата секогаш рабтои стручно и мудро, тоа се покажа и со одлуката пред три недели, кога ги затворивме угостителските објекти и го направивме полицискиот час од 20 часот. Тоа се направи се со цел да се превенира пред празниците и да ги одморат медицинските работници. Еве сега гледате цело време паѓаат бројките, што значи Комисијата направи мудар и одличен потег“, рече Заев, додавајќи дека пред се целта на овие мерки била да биде порелаксирано за верските празници, со оглед на тоа што, според него, „85 проценти од нашиот народ е религиозен, без разлика дали станува збор за христијани или муслимани“.

„Затоа вчера одржавме средба со верските лидери на МПЦ и ИВЗ, за заедно да испратиме порака да се почитуваат мерките во храмовите и да се носат маски, ако треба и по две“, констатира Заев.

Слични содржини