Гарванлиев: Бев предмет на јавен линч, но омразата ќе ја замолчиме со љубов, музика и позитивна енергија

од Nikola Popovski
520 прегледи

Македонскиот претставник на овогодинешната Еврозивизија, Васил Гарванлиев, во интервју за „Eurovision world“, зборувал за неговите планови за евровизиската сцена, конкуренцијата, но и за јавниот линч кој го доживеа по промовирањето на евровизиската песна.

– Тоа беше организиран криминал / напад против мене, врз кој немав контрола. Работите беа извадени од контекст и беа презентирани лажни информации кои завршија со многу негативен одговор со сајбер малтретирање и јавно линчување. На никој не посакувам такво нешто, но гледајќи ја светлината во мракот, многу сум благодарен затоа што на мојата песна ѝ даде уште подлабоко значење и уште поголема желба да бидам уште поуспешен, вели Гарванлие и додава:

– Ова ме направи посилен како човечко суштество и како уметник и ми даде поголема одговорност: да бидам глас за безгласните, особено за уметниците ширум светот кои немаат уметничка слобода да бидат самите себе. Ќе ја замолчиме омразата со љубов, позитивна енергија и музика.

Фестивалот Евровизија 2021 година ќе се одржи од 18-ти до 22-ри мај во салата „Ахој“ во Ротердам.

Гарванлиев, со која ќе не претставува со песната ,„Here I Stand“, ќе пее во првото полуфинале на 18-ти мај, покрај Австралија, Белорусија, Ирска, Литванија, Русија, Словенија, Шведска, Азербејџан, Белгија, Хрватска, Кипар, Израел, Малта, Норвешка, Романија и Украина.

Слични содржини