Антителата служат за да ни покажат колку од населението ја има прележано болеста, вели доктор Теодора Брњарчевска од Институт за имунобиологија и хумана генетика во Студио 10 која напоменува дека нема потреба од масовно тестирање на антитела.
-Нашиот организам ги создава антителата како одговор на разни патогени. Со аплицирањето на вакцината по две недела по првата примена доза се создаваат антитела. Ефикасноста на вакцините се мери по тоа што се следи колку луѓе ќе заболат откако ќе ја примат вакцината, вели Брњарчевска.
Во поглед на тргање на маските , таа вели дека ќе биде потребно да помине подолг временски период.
-Меѓу двете дози треба пациентите да се многу внимателни, а по 2 недели од втората доза веќе граѓаните ќе можат да се опуштат. И оние кои ги прележале коронавирусот треба да се вакцинираат, оптимално е 1 месец по прележувањето, но може да се одложи вакцинацијата и до 6 месеци. Нема потреба да проверуваат антитела пред да се вакцинираат, вели Брњарчевска.