Случај ,,Двојник”: Обвинителството бара казна, а одбраната слобода

од Берта Китинска
292 прегледи

Денеска обвинителката Спасенка Андонова побра обвинетите Фарук Бути, Весна Колевска и Бранислава Мишиќ да се прогласат виновни за случајот „Двојник” .

Андонова, во завршните зборови наведе дека отсуството на документи за идентификација неможело да помине незабележано од страна на обвинетиот Фарук Бути, кој имал долгогодишно работно искуство. Воедно, обвинителката истакна дека обвинетиот Бути, имал честа комуникација со сега осудените Денис и Раиф.

Од друга страна одбраната на обвинетиот Бути, побара ослободителна пресуда и додаде дека во време кога довербата во судството е на најниско ниво, судот е во позиција да ја докаже својата независност.

Од обвинетите 11 лица, десетмина вработени во Одделението за управни работи во МВР се товарат продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, додека посредникот Раиф Мифтари, кој е во бегство, е обвинет за поттикнување.

Според ОЈО Скопје, пасошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година. Биле издадени пасоши на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин, за кој претходно, министерот Оливер Спасовски посочи дека станува збор за избеганиот ексначалник на Петата управа во УБК, Горан Грујевски.

Слични содржини