Европската фудбалска централа (УЕФА) објави дека денешниот натпревар помеѓу Данска и Финска на Европското првенство во Копенхаген е прекинат, откако данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен се сруши на тревата.
Ериксен падна на теренот во 40-тата минута од натпреварот на стадионот „Паркен“.
Ериксен беше реанимиран од лекари на теренот и опкружен со неговите соиграчи.
Лекарите го реанимираа околу 10 минути, кога беше изнесен од теренот опкружен со соиграчи на носила.
Судијата и финската репрезентација го напуштија теренот.
Навивачите останаа во шок и неверување на трибините и многумина плачеа.
Сепак, на социјалните мрежи протече слика на Ериксен, кој беше изнесен од теренот во свесна состојба, што значи дека е добро.
Според последните информации, Ериксен бил пренесен во најблиската болница со цел да се утврди неговата здравствена состојба.
Importante que Erikssen haya sido reanimado. Ahora tiene que seguir su recuperación en el hospital. pic.twitter.com/Urmah9zTVp
— EL HEAVY (@AugustoElHeavy) June 12, 2021