Дневните бројки кажуваат дека епидемиолошката состојба во земјава е стабилна.Четири дена по ред нема ниту едно починато лице од ковид 19.
Бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221.
Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 466.451 граѓани.
-На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 529.445 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.940 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.628 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани.Со последните бројки, 52% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 42% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, информираа од министерството за здравство.
Воедно преку Националниот систем Мој Термин е воведена можноста за издавање на сертификат за прележан КОВИД-19.
Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk.
Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код.