Шахпаска: Здравствените власти ќе одлучат дали од септември децата ќе одат во градинка

од desk4
194 прегледи

Останува да процениме дали градинките ќе работат со полн капацитет од септември. Ќе го почитуваме мислењето на здравствените власти, на Комисијата за заразни болести која будно ја следи епидемиолошката состојба, рече вечерва министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, во интевју на ТВ Сител.

Според Шахпаска, систематскиот пристап, редовните надзори, почитувањето на протоколите од страна на вработените во градинките, и на родителите, но и поради помалата приемчивост на децата со претходните соеви на вирусот, градинките се една од поуспешните приказни во справувањето со пандемијата.

-Градинките беа првите што се отворија во пандемијата. Добро поминавме, добри беа показателите. Имаше големо присуство на децата во градинките, а согласно протоколите, имаше простор за сместување на деца, првично по 21 000, а понатаму протоколот затоа што ризикот се намали, епидемилошката слика во државата тоа го дозволуваше, опфатот го проширивме за 25.000.  Согласно тие протоколи сеуште има слободни места за одење на дечињата во градинките. Јас сум оптимист, комплетно очекувам една мирна есен, бидејќи нема причина зошто да не биде така. Најголем дел од вработените во градинките веќе се вакцинирани комплетно со двете дози.  Од развојот на епидемијата,  односно од  мислењето на здравствените власти, пред се на Комисијата за заразни болести, која будно ја следи епидемоклошката, состојба ќе зависат и проценките дали од септември децата ќе одат во градинка. Здравјето на децата, на вработените и на сите нас како граѓани, е пред се, рече Шахпаска.

Министеркта за труд и социјална политика рече дека за траењето на породилното отсутво на мајките, и воведувањет на споделеното родителство за татковците ќе има јавна дебата.

-Воведувањето на татковството е опфатено во делот на измените кои се во драфт верзијата во новиот системски закон за работни односи. Ова законско решение ќе биде отворено во јавна дебата . Околу должината на траењето на  породилното отсутвот и на татковстовот заради родителство разговарвме и во Министерстовото за труд и социјлана полтика и на Влада. Тоа се прашања кои би ги споделила со јавноста кога навистина и официјлано ќе ја отовриме јавната дебата. Во моментот се поклопи со годишнте одмори. Меѓутоа сепак ова за нас  е веќе затворено прашање.

 

Слични содржини